МФ: Запишани граѓански обврзници од над 2 милијарди денари

Bez autora
Dec 14 2025

Над 2 милијарди денари или 33 милиони евра се запишаа во граѓански обврзници од третата емисија, за која проспектот беше објавен на 26 ноември, а денеска се спроведе аукцијата.

Интересот беше значително поголем од објавениот износ со проспектот во висина од 100 милиони денари, информира Министерството за финансии.

На аукцијата се запишани граѓански обврзници од страна на 1543 граѓани. Една граѓанска обврзница изнесуваше 10,000 денари, рочноста е 2 години, а каматната стапка 4,5 проценти годишно.

Запишаните граѓански обврзници ќе бидат запишани на име на граѓаните во Централниот депозитар на хартии од вредност.

Министерството за финансии посочува дека датумот на достасување на граѓанските обврзници од третата емисија е 19 декември 2027 година.

Исплатата на каматата за првата година достасува на 19 декември 2026 година, а за втората на 19 декември 2027 година.

Претходно, Министерството за финансии издаде две емисии на граѓански обврзници во вкупен износ од 41,1 милион евра кои веќе се исплатени заедно со каматата за двете години.

Во првата емисија беа запишани обврзници во износ од 23,5 милиони евра, додека во втората 17,6 милиони евра.


Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik